Љубчо Георгиевски: Целото општество треба да му се извини на Јован Вранишковски
Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во своето интервју во емисијата „Во Центар“ дека нема големи разлики помеѓу актуелната процедура за добивање на автокефалност на МПЦ-ОА со Нишкиот договор.
Сите постапки за добивање на самостојност на Црквата биле исти како и при актуелнава процедура со мала разлика во временската рамка, но дури и да било така, процесот ќе бил завршен пред цели 17 години.
Герогиевски рече дека Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, како што рече, бил 20 години под државен прогон кој бил регистриран во сите извештаи на Стејт Департментот. Поранешниот премиер изјави дека: дваесет години државата го малтретира Архиепископот Јован, кој пак се борел за човекови права.
– И, сега, што е најинтересно, ние се правиме на Тошо како општество, меѓутоа Јован победи со неговата идеја. Ова што се случува сега, тоа е патот, кој требало да се следи, тоа е неговата идеја и македонското општество треба да му се извини на Архиепископот Јован – рече поранешниот премиер.
Георгиевски додаде дека и денеска не знае како што сме признаени.
