Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Бугарската историографија се компромитира себе си со тоа што ја дува и пумпа темата за „Македонскиот крвав Божик“

ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ: Бугарската историографија се компромитира себе си со тоа што ја дува и пумпа темата за „Македонскиот крвав Божик“

Лидерот на ВМРО Народна партија Љубчо Георгиевски, денеска преку видеообраќање на својот фејсбук профил говори за темата со како што го нарекува „Македонскиот крвав Божик“, за која вели дека бугарската историографија ги дува бројките и ја префорсира, а со тоа се компромитира самата себе си. 

„Да продолжиме со контроверзите на македонската и бугарската историографија. Во македонската историографија има многу такви тематски места, кои продуцираат омраза кон Бугарија. Врв на сето тоа е приказната за Втората светска војна, а за жал, такви темсатски места кои генерираат омраза има и во бугарската историографија. Омразата ја шират и најразлични хејтери и од едната и од другата страна, по фејсбук, со најразлични анализи, коментари и слично. Но, големите историчари, и големите митови и од едната и од другата страна, кажано на научно ниво и кажано од квалитетни научници, ја генерираат таа омраза кај некои луѓе кои едноставно површно ги прифаќаат тие работи и се што ќе прочитаат, го преточуваат во омраза кон другиот народ“, вели на стартот Георгиевски. 

Според него, македонската историја е преполна со такви места, и тука со право бугарската историографија има право да се лути, бидејќи, како што вели, има безброј такви места во македонсдката историографија кои генерираат таква пермамнентна омраза и ја хранат таа омраза и кон соседна Бугарија и кон Бугарите како народ. 

„Има такво место и во бугарската историографија, која е многу честа тема во последните две години, а се работи за темата на Македонскиот крвав Божик. Имам чувство дека секој втор историчар од нашиот источен сосед кажува нешто на таа тема, секој трет новинар и секој четврти политичар. Сакам да придонесам во таа анализа и да ја направам малку пообјективна, како место кое генерира перманентна омраза на бугарскиот народ кон Македонија“, вели лидерот на ВМРО-НП. 

Објаснува дека тоа се донесува на третманот на луѓето кои се чувствуваат како Бугари во Македонија, од 1945 година па до денеска, и кој според него, е навистина една жестока посткомунистичка политика во Македонија. Но, вели, не можеме да не се задржиме на тој прв почеток, кој често се фиксира во бугарската историографија, а тоа е македонскиот крвав Биожик.

„Што е основната поента во наративот на бугарската историографија. Тоа е дека во 1945 година, во Македонија се прави еден масакар на сите оние кои се чувствуваат Бугари, и се споменува една бројка на 23 илјади убиени на жесток начин Македонски со ‚блгарска' свест, како и 120 илјади раселени, тепани и мачени... Таа тема била моја лична преокупација и сум ја истражувал, сум разговарал со луѓе...

Имам чувство дека бројките кои се кажуваат од бугарска страна се префорсирани, пренадувани и пренапумпани и создаваат една погрешна претстава за амакедонскиот народ. Префорсирајќи ги тие аргументи, бугарската историографија, форсирајќи една тема за која нема доволно аргументи, се доведува во ситуација да ја компромитира вистината таму каде што постои“, вели Георгиевски.

За повеќе детали треба да се погледне обраќањето на Георгиевски.


Слично

Поврзани вести