Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЉОРОВСКИ: Сега борбата е на Македонците во Грција да се изборат да им биде признат идентитетот и јазикот

ЉОРОВСКИ: Сега борбата е на Македонците во Грција да се изборат да им биде признат идентитетот и јазикот

На Македонија со договорот од Преспа ѝ е забрането да интервенира по прашања за македонско етничко малцинство во Грција, се вели во рекцијата на историчарот Димитар Љоровски Вамваковски по одлуката на Апелацискиот суд во Кожани, Грција, да ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин.

Оттука, Грција е свесна дека не го прекршува договорот, бидејќи вториот потписник, Р. Македонија, не може конкретно да реагира за работи од внатрешни прашања во Грција, 

„Е сега, борбата е на Македонците во Грција да се изборат да им биде признат идентитетот и јазикот. Тоа нив никој не може да им го забрани, а од помош може да им биде Преспанскиот договор, бидејќи идентиетот и јазикот е основно човеково право на самоопределување. Ако тие избрале нивниот јазик и идентитет да го идентификуваат со македонскиот, тогаш тоа е шах-мат за Грција, бидејќи, како што кажав, тие веќе признале таков со Преспанскиот, макар и само на територијата на Р. Македонија. Но, идентиет и јазик тешко е да врамиш и ограничиш само на определена територија, особено што на Балканот и во светот има бројни примери на непоклопување на државните граници со етничките. Примерот на Грција е доволно од јасен, постои грчко малцинство во Р. Македонија (во попис ги има), има грчко малцинство и во Албанија, Бугарија и Турција, т.е. со сите држави што таа се граничи. Доволно се овие факти, но и докази како овој дека официјални грчки институции признале во минатото постоење на македонски јазик во рамките на нивната држава. Документот е од 1931 година“, се вели во реакцијата на Димитар Љоровски Вавмаковски.

Но, тој вели дека со Договорот од Преспа, Грција де факто призна македонски јазик и идентитет, што претходно тоа не го правеше. 

Центарот за македонски јазик во Грција, кој беше регистриран пред две години, се укинува, пишуваат грчките медиуми. Toa е епилогот по тужбите и приговорите кои беа поднесени веднаш откако здружението беше регистрирано од Основниот суд во Лерин. 

Одлуката за укинување на Центарот, според demokratia.gr, ја донел Апелацискиот суд на Западна Македонија (дел од областа Македонија во северна Грција), односно Апелацискиот суд во Кожани, Грција, кој реши да ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик. 

Пресудата е изречена на 13 август. 

Слично

Поврзани вести