ЉАТИФИ-АЗИЗИ: Во странство се лекуваат 116 пациенти, а оваа недела се очекува 8 да се вратат
Од Владата денеска соопштија дека во странство се лекуваат 116 пациенти, а оваа недела се очекува 8 да се вратат дома и да продолжат со лекувањето. Инаку, 4 од пациентите кои се во странство се во критична состојба. За две недели се очекува половина од оние кои се лекуваат во странство, да се вратат во земјава.
Портпаролката на Владата, Венера Љатифи-Азизи вели дека Владата работи на тоа сите одговорни да одговараат за трагедијата во Кочани.
Слично
