ЛИСТА ЗА КОЕФИЦИЕНТ НА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Словенците најдобри во регионот, а Македонците се со полош резултат
Во регионот, Словенците се најинтелигентни, а Македонците се подолу на листата.
Најдобро пласирана е Словенија, на 9. место, со просечен коефициент на интелигенција од 102,31. Србија е на 25. место, со просечен коефициент на интелигенција од 100,66. Хрватска е на 36. место со 99,73. Босна и Херцеговина е на 37. место со коефициент на интелигенција 99,57, Црна Гора се најде на 41. место со коефициент на интелигенција 99,34, а Македонија се најде на 49. место со коефициент на интелигенција 98,83 иако има подобрување за разлика од лани.
Прва на листата е Јужна Кореја, каде што просечниот коефициент на интелигенција е 107,54, потоа Кина со 106,99 и Иран со 106,84. И Јапонците имаат висок коефициент, односно 106.18. Канада има подобар резултат од САД.
Се чини дека просечниот коефициент на интелигенција е генерално повисок во Источна Азија. Близу просекот е во Европа, Западна Азија, Океанија, Северна Америка и Северна Африка, а под просекот во Централна и Јужна Африка и Латинска Америка.
Просечните резултати на коефициентот на интелигенција за секоја земја беа ажурирани на 1 јануари 2024 година, а ова истражување се заснова на тестирање на 1.691.740 луѓе низ светот кои го направиле истиот тест на веб-страницата на Меѓународниот тест за интелигенција во 2023 година.
