ЛИСТА НА ВОЕНИ СИЛИ ВО СВЕТОТ: Каде е САД, Русија, каде е Украина, а каде Македонија?
Објавена е нова листа на воените сили во светот. На ова рангирање има промени.
Германија не е меѓу првите десетмина најсилни во светот. Топ 10 листата ја сочинуваат САД, Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија. Украина е рангирана на 15 место.
Македонија сега е на 108 место во светот по воена моќ меѓу 145 светски сили, стои во новиот извештај на американскиот сајт Global Firepower. Зад нас се Црна Гора на 128-то место, БиХ на 133-то место и Косово на 134-то место. Албанија е на 91-то место, додека Бугарија се најде на 59-тото и е подобра од Хрватска и Словенија, но е веднаш зад Србија, која е на 58 местото како најголема сила во Западен Балкан. Грција се искачи на 30-то место.
Македонија во споредба со лани има напредок за 27 места на листата за воена способност и моќ на армиите во светот. Рангирањето е врз основа на моменталната достапна огнена моќ.фото МИА
