Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИСТА НА НАЈМИРОЉУБИВИ ЗЕМЈИ: На кое место се наоѓа Македонија?

ЛИСТА НА НАЈМИРОЉУБИВИ ЗЕМЈИ: На кое место се наоѓа Македонија?

Направена е листа на најмирољубиви земји во светот.

Сепак Македонија не котира високо, а од Балканот Словенија има најдобра позиција. 

Македонија се наоѓа на 65. место, Хрватска е на 28. позиција, Србија на 50. место, а Црна Гора е 67-ма на ранг листата. Овие земји од регионот се вбројуваат на листата на држави со високо ниво на мир.

Босна и Херцеговина го зазема 81, а Косово 86. место, и овие две земји се наоѓаат во групата на држави со умерен степен на мир.

Последното место на листата го зазема Авганистан, и тоа зад Сирија, Јужен Судан, Јемен и Ирак

Исланд е земја со највисок индекс на мир во светот, покажува неодамна објавеното истражување на Институтот за економија и мир (Institute for Economics and Peace).

Потоа се редат Нов Зеланд, Португалија и Австрија, а петтото место го зазема Данска. На шесто место е Канада, и тоа пред Сингапур, а на осмото место е Словенија.

Во топ десет се и Јапонија и Чешка, а заедно со Швајцарија, Ирска и Австралија. Тие претставуваат посебна категорија на држави со многу висок степен на мир.

Слично

Поврзани вести