Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИСТА: 24 градови со највисоки плати во светот

ЛИСТА: 24 градови со највисоки плати во светот

Минатата недела "Дојче банк" (Deutsche Bank) го претстави годишниот извештај за цените по светот. Тој го пресметува трошоците за стоки и услуги во најголемите градови.

Вклучени се стоки како кутија цигари, просечна изнајмување на еднособен стан, трошоци за превоз, храна, сметки за домаќинство .

Еден од критериумите кои банката ги пресметува е и просечниот доход на човек во овие градови. Податоците од кои се одземени даноците, се индикатор за богатството и на самите градови, пишува Бизнис инсајдер.

Во општи црти градовите кои се рангирани напред во листата, се наоѓаат во северната хемисфера во развиените западни економии. Напред се и градови од јужната хемисфера од Австралија и Нов Зеланд.

Погледнете кои се 24-те градови во светот со највисоки средни приходи по даноци.

24. Единбург, Шкотска - 2293 долари

23. Отава, Канада - 2446 долари

22. Амстердам, Холандија - 2493 долари

21. Торонто, Канада - 2560 долари

20. Париз, Франција - 2583 долари

19. Даблин, Ирска - 2603 долари

18. Хелсинки, Финска - 2620 долари

17. Стокхолм, Шведска - 2622 долари

16. Франкфурт, Германија - 2626 долари

15. Хонгконг - 2715 долари

14. Оклaнд, Нов Зеланд - 2762 долари

13. Лондон, Велика Британија - 2776 долари

12. Токио, Јапонија - 2897 долари

11. Велингтон, Нов Зеланд - 2941 долари

10. Копенхаген, Данска - 2958 долари

9. Сингапур - 3077 долари

8. Осло, Норвешка - 3154 долари

7. Мелбурн, Австралија - 3344 долари

6. Сиднеј, Австралија - 3451 долари

5. Чикаго, САД - 3622 долари

4. Њујорк, САД - 4303 долари

3. Бостон, САД - 4322 долари

2. Сан Франциско, САД - 4817 долари

1. Цирих, Швајцарија - 5876 долари

Слично

Поврзани вести