Економија, финансии, бизнис

Контакт

LinkedIn оствари раст на профитот во првите шест месеци

LinkedIn оствари раст на профитот во првите шест месеци
Раст на профитот од 32 проценти, споредено со истиот период лани, оствари „LinkedIn“ во вториот квартал од годинава, пренесува агенцијата АПФ. Оваа деловна мрежа сега има 238 милиони корисници. Вкупниот профит изнесува 3,7 милиони долари. Растот на продажбата изнесува дури 59 проценти односно 363,7 милиони. Бројот на корисници е зголемен за 37 проценти, на 238 милиони, а бројот на прегледани страници е зголемен за 25 проценти. Добрите резултати кои „LinkedIn“ ги објави од 2011 година, кога излезе на берзата, направија вредноста на акциите на оваа компанија да се зголеми за 122 проценти во последните 12 месеци. Од компанијата велат дека очекуваат дека продажбата во третиот квартал ќе изнесува меѓу 367 и 373 милиони долари.
Слично

Поврзани вести