Христијан Мицкоски повика на народен отпор
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски повика на народен отпор за промена на власта.
Вели дека постои огромно незадоволство.
„Ценам дека час поскоро, ако се одговорни и ако мислат добро на граѓаните и на Македонија дека треба да седнеме на една лидерска средба, да ги договориме правилата на играта и да одиме на предвремени парламентарни избор“, вели Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.
Вели дека следува катарза и во другите органи на партијата додавајќи дека добро е да има освежување и промени онаму каде што има слаби резултати.
Слично
