Во Берлин, Париз и Брисел ќе има протести против дискриминацијата на Бугарите во Македонија
Во Берлин, Париз и Брисел ќе се одржат протести против дискриминацијата на Бугарите во Македонија.
Се работи за студентски протести. Иницијативниот комитет за заштита на човековите права со кој претседава Живко Чакракчиев вели дека првите демонстрации ќе се одржат во Берлин на 29 ноември, а на 6 и 16 декември во Париз и Брисел.
„Како претставници на младите и патриотите сакаме да знаеме дека не ни е важно што се случило во историјата, тоа е многу важно, но ако одиме да се бориме за тоа, нема да постигнеме ништо“, коментира Чакракчиев.
И бугарските власти во неколку наврати споменуваа 100.000 граѓани со бугарска самосвест, мислејќи на македонските граѓани кои поседуваат бугарески пасоши.
Слично
