„ЛИНЕАРНОТО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ СЕ ПРАВИ ЗА ДА ИМ СЕ ИСПЛАТАТ ПОМАЛКУ ПАРИ ОД ОНИЕ ШТО БИ ТРЕБАЛО СОГЛАСНО РЕГУЛАТИВАТА“: Најчевска за пензиите
Професорката Мирјана Најчевска уште еднаш објасни што мисли за линеарното покачување на пензиите.
„Во што се состои имамата и манипулацијата која ја прави актуелната власт со линеарното покачување на пензиите.
1. Се создава привид дека ова се прави со цел да се намали разликата меѓу најголемите и најмалите пензии. Всушност се прави со цел на пензионерите да им бидат исплатени помалку пари од она што би требало да им се исплати согласно актуелната регулатива и да се заташка крадењето од пензискиот фонд.
2. Се создава правна несигурност. Се менува законот еднократно без претходни анализи, без соодевтно образложение и без учество на пензионерите. Значи се врши упад во законодавството од страна на една политичка партија.
3. Се избегнува законското решение со кое пензиите се зголемуваат два пати годишно (се краде едно зголемување) и се избегнува тоа да се направи согласно статистичките податоци за промените во платите и трошоците на живот. Значи се нуди паушална бројка која нема врска со реалноста.
Ако мислиме дека треба да се направи промена на законот тоа треба да се направи на демократски начин, врз основа на податоци и со учество на директно засегнатите - пензионерите, напиша таа.
