Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лимани за Ахмети пред 2001 година: Беа сточари и земјоделци и секогаш на работ на егзистенција

Лимани за Ахмети пред 2001 година: Беа сточари и земјоделци и секогаш на работ на егзистенција

Потпретседателот на „Беса“, Фатмир Лимани за „Фокус“ вели дека семејството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети пред 2001 година биле сточари и земјоделци и секогаш на работ на егзистенцијата.

„Јас ги познавам, фамилија сме, кои биле, колку имале, со што се занимавале пред 2001 година и после. Биле сточари и земјоделци и секогаш на работ на егзистенција, целата фамилија Ахмети“, вели Лимани за „Фокус“.

Нивното богатство вели дека го стекнале после војната на сомнителен начин и според него сите институции да се ангажираат нема да можат да го најдат крајот на нивниот криминал.

Дрин Ахмети, внукот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, деновиве пред медиумите рече дека ќе добие 39 отсто од уделот во деловниот објект „Соравиа“ во центарот на Скопје, само поради претприемачкиот дух. Ахмети рече дека за овој удел нема да плати ниту евро, туку дека овој процент од сопственоста ќе му следува само поради претприемачкиот дух.

Слично

Поврзани вести