Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лимани oбјасни во кој случај Беса ќе гласа против внесувањето на Бугарите во Уставот

Лимани oбјасни во кој случај Беса ќе гласа против внесувањето на Бугарите во Уставот

Беса ќе гласа против вклучувањето на Бугарите во Уставот, доколку формулацијата „20 отсто“ не се замени со „албански јазик“. Потпретседателот на партијата, Фатмир Лимани, во емисијата „200“ на Алсат, која ќе биде емитувана вечерва, вели дека Беса не е против вклучување на Бугарите во Уставот, но инсистираат да се прифати нивниот амандман.

„Ние не сме против вклучувањето на секоја заедница во Уставот. Но ние сме против тоа Албанците да се претстават како 20 отсто. Албанците со преамбулата договорена со Охридскиот договор се државотворен народ. И во случај да не се избрише 20 отсто како дефиниција внатре во Уставот, Беса ќе гласа против“, вели Лимани.

Лимани рече дека Беса не условува, затоа што „сите партии се согласни да се брише „20 отсто“ од Уставот“. Кажа дека лидерот на ВМРО Христијан Мицкоски не е против бришење на оваа одредница и нејзина замена со „албански јазик“.

Бугарите во Македонија бараат да бидат влучени во групата за уставни измени.

Фото: Фејсбук / Фатмир Лимани

Слично

Поврзани вести