Лилјана Спасовска е назначена за в.д на функцијата јавен обвинител
Обвинителката Лилјана Спасовска е назначена за в.д на функцијата јавен обвинител до изборот на нов државен јавен обвинител.
Одлуката е донесена на денешната седница на Советот на јавни обвинители.
По предлог на Владата, Собранието на РМ на 17 август го разреши Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија и се очекува да објави оглас за избор на нов oбвинител.
Владата на Република Македонија на седницата одржана на 22 август му предложи на Собранието да ја почне постапката за избор на нов државен јавен обвинител.
За Предлогот за огласување именување Јавен обвинител на Република Македонија, пратениците ќе распрваат на пленарната седница закажана за 4 септември.
Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена од објавување на огласот во „Службен весник”.
Советот на јавни обвинители, пак, има рок од 15 дена од денот на прием на документите да даде позитивно или негативно мислење за сите пријавени кандидати.
