Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ликвидиран споменикот на Ќосето од пред Судот

Ликвидиран споменикот на Ќосето од пред Судот

Власта го острани првиот споменик од контроверзниот проект Скопје 2014. Како што беше подолго време најавувано од пред Судска палата во центарот на Скопје доцна во ноќта беше остранет споменикот на Андон Лазов Ќосето, еден од најпрочуените атентатори на ВМРО кој дури го ликвидирал и својот брат под сомнежи дека зборел со османлиите, а се верува дека зад себе има стотина атентати и елиминации, што нарачани, што самоволни.

Споменикот е отстранет доцна во ноќта, исто како што беше и поставен во ноќните часови, заедно со еден куп други споменици од проектот Скопје 2014. Историчарите имаат различни толкувања за Ќосето, за едни тој е патриот кој убивал непријатели и душмани, за други џелат.

По неговото име беше формирано и така наречено патриотско здружение, па потоа и сите слични неформални организации поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ добија прекар „Ќосиња“ со што се алудираше дека се подготвени и за инциденти со поддржувачите на СДСМ. Дел од членовите на овие патритски здруженија упаднаа и во Собранието на 27 април и удрија по пратениците и новинарите.


Слично

Поврзани вести