Лика: Влезот на БЕСА во Владата зависи само од нив
Откако БЕСА доби нов претседател во името на Африм Гаши се погласни се шпекулациите дека оваа партија од опозиција е подготвена да влезе во власта, со што дополнително ќе биде засилено парламентарното мнозинство, а исто така ќе се пополнат испразнетите места кои ги остави Алијансата за Албаниците која ја раскина коалицијата со премиерот Заев.
Сепак, прашањето е како ќе реагира ДУИ на една вака важна одлука за нов владин партнер со оглед на тоа што нивните односи со БЕСА се доста нарушени по локалните избори на кои беа жестоки ривали.
Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика смета дека нема поголеми пречки за влез на БЕСА во една нова владина композиција.
Во емисијата 10 минути на ТВ21 Лика посочи дека овој процес веќе е во тек, а дали ќе биде комплентиран зависи исклучиво од желбата на БЕСА која и самата пројде низ повеќе внатрешни поделби и судир со екс претседателот Биљал Касами.
БЕСА и досега во Собранието на Република Македонија ги даваше своите гласови на власта за најважните одлуки кога имаше тесно мнозинство.
