Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИК КОЈ ГИ БРАНУВА МАКЕДОНСКО - БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Бугарија сними филм за Мара Бунева

ЛИК КОЈ ГИ БРАНУВА МАКЕДОНСКО - БУГАРСКИТЕ ОДНОСИ: Бугарија сними филм за Мара Бунева

Бугарија сними филм за хероината Мара Бунева.  Бугарите неа ја сметаат за свој херој и често на чествувањето на плочата посветена на неа во Скопје се случуваат инциденти. 

Филмот месецов е прикажан во Пловдив. Таа го извршила атентатот врз Велимир Прелиќ во 1928 година.  По аферата со затворањето и судењето на македонските студенти во Скопје од страна на српските власти, во 1927 година, Мара Бунева во знак на одмазда на 13 јануари 1928 година извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ, на кејот на реката Вардар, кај камениот мост во Скопје. Веднаш по атентатот, Бунева самата се застрелала за да не падне во рацете на српските окупаторски власти. На повредите им подлегнала на 14 јануари.

На атентатот што го извршила Мара Бунева врз Прелиќ му претходел голем судски процес на 20 македонски студенти во Скопје, кој побудил големо интересирање кај европската јавност.

Слично

Поврзани вести