Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИФТ И СКАЛИ ДА НЕ СЕ КОРИСТАТ, АКО СТЕ ВО ВОЗИЛО ЗАСТАНЕТЕ: Препораки што да направите во случај на земјотрес

ЛИФТ И СКАЛИ ДА НЕ СЕ КОРИСТАТ, АКО СТЕ ВО ВОЗИЛО ЗАСТАНЕТЕ: Препораки што да направите во случај на земјотрес

Сеизмолошката опсерваторија објави кои мерки треба да се преземат во случај на земјотрес. 

Доколку во момент на потрес се наоѓате на отворен простор да се поместите подалеку од згради, бандери, високи дрвја и сè што може да падне. Ако се наоѓате во автомобил да го запрете возилото на крајот од патот и на отворен простор, да останете внатре со откопчан сигурносен појас. Грешка и ризик е доколку  се паркирате или да возите по мост или во тунел.

Во училиште учениците треба да се сокријат под клупа, а во деловни или станбени објекти најстрого забрането е да се користат скалите и лифтовите за време за време на земјотрес.

Превентивно, од Сеизмолошката опсерваторија граѓаните да ги прицврстат полиците по ѕидовите и да се постават подалеку од креветот, да се подготви торба со сет за прва помош, вода, конзервирана храна, светилка на батерии и топла облека.

На располагање секогаш е и бројот 112.

Македонските граѓани доцна синоќа почувствуваа земјотрес кој бил со јачина од 3.4 степени според Рихтеровата скала. Регистриран е околу 2 часот по полноќ со епицентар на 22 километри источно од Скопје. Неколку часа подоцна се тресеше и тлото на околината на Лазарополе.

Од почетокот на годинава до денеска, според сеизмолошката опсерваторија се регистрирани повеќе од 10 земјотреси.

Слично

Поврзани вести