Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИДЛ ЌЕ ИСПЛАТИ СОЧЕН НАДОМЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ: Близу 95 илјади вработени ќе тријат раце во Германија

ЛИДЛ ЌЕ ИСПЛАТИ СОЧЕН НАДОМЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ: Близу 95 илјади вработени ќе тријат раце во Германија

Оваа награда која треба да изнесува околу 500 евра месечно за постојано вработени, е токму поврзана со 50-годишнината од постоењето на компанијата.

Речиси 100.000 вработени во Лидл во Германија наскоро треба да добијат надомест за инфлација, објави компанијата. Оваа награда која треба да изнесува околу 500 евра месечно за постојано вработени, е токму поврзана со 50-годишнината од постоењето на компанијата.

Оние кои се вработени вонредно и студенти ќе добијат по 150 евра, пренесува Fenix ​​Magazine. Патем, во Германија таквите премии се ослободени од данок и социјално осигурување во согласност со прописите.

Лидл во Германија е отворен во 1973 година во Лудвигсхафен. Денес, компанијата има повеќе од 3.200 подружници и околу 93.000 вработени во Германија, а од 2009 година е активна во онлајн малопродажбата и нуди и услуги за преместување.


Слично

Поврзани вести