Лидија Димова во Кривичен суд: Се решава дали да и се одземат граѓанскиот и дипломатскиот пасош
Лидија Димова, разрешената директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, денеска е во Кривичниот суд каде треба да се одлучи дали ќе и биде одземен пасошот, од кои и оној дипломатскиот.
Обвинителството бара, покрај одземањето на патните исправи, повремено да се јавува во судот, како и други мерки на претпазливост. Судот веќе одлучи да му биде одземен пасошот на Зоран Златковски, предводникот на фамозниот проект „Фризерница“, кој предизвика негативни критики во јавноста.
Обвинителството отвори случај пи пријава од Финансиската полиција во која се осомничени Лидија Димова, Александар Гочев, Зоран Златковски и благајничката Ана Павлиду за злоупотреба на европски пари преку грантови за финансирање на образовни проекти.
