Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лидија Димова и официјално е разрешена

Лидија Димова и официјално е разрешена

Лидија Димова е разрешена од позицијата директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. 

Ваква одлука донесе Управниот одбор на Агенцијата. Претходно,  јавното обвинителство против неа и против уште неколку лица отвори истрага по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за злоупотреба на средства во висина од 400.000 евра европски пари.

Пријавени се поднесени и против сопственикот на „В.Е.З. трејд“, Зоран Златковски, надворешен соработник со иницијали А.Г. и А.П., како благајник во Националната агенција.

Петте членови на УО треба да најдат нејзин наследник, односно в.д директор на Агенцијата. 

Претходно, имаше неколку проекти за кои се крена прашина во јавноста, а опзицијата бараше одговорост и да се расветли дали се злоупотребени европски пари. 

Димова тврдеше дека нема никаква вина и дека нема да поднесе оставка.

Премиерот Зоран Заев на 13-та седница го прифати барањето да препорача разрешување на Лидија Димова. 

Слично

Поврзани вести