Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лидерската завршена без договор за референдум: Кое е прашањето кое го мачи Мицкоски?

Лидерската завршена без договор за референдум: Кое е прашањето кое го мачи Мицкоски?

По лидерската средба партиите не успеаја да се договорат за референдумското прашање.

Првиот човек на владата соопшти дека никој не може да и застане на Македонија на патот кон  НАТО и ЕУ а кон опозицискиот лидер упати обвинување дека наместо да се качи на возот кој кон ЕУ и НАТО, тој решил да остане на мрачната страна на историјата.

Она за што се најде компромис пак е  ДИК, техничка Влада и за закононот за финансирање на партиите .

Според Мицкоски разликите меѓу партиите од власта и опозицијата биле во карактерот на референдумот и содржината на евентуалното референдумско прашање. 

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ кажа дека референдумското прашање мора да биде онака како што предвидува Законот - еднозначно.

По завршената попладневна сесија, Мицкоски посочи дека ставот го бранел со аргументи и дека не можеле да се согласат на прашање со повеќе значења.

„Дали сте за европската унија и НАТО и за поддршка на Договорот со Грција“- е прашањето кое веројатно ќе треба да добие поддршка за Македонија да добие отворен пат кон алијансата и сојузот.

Слично

Поврзани вести