Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИДЕРСКА ЗА ИМЕТО: Заев ќе ги соопшти деталите

ЛИДЕРСКА ЗА ИМЕТО: Заев ќе ги соопшти деталите

На иницијатива на премиерот Зоран Заев денеска во Скопје ќе се одржи лидерска средба за да ги информира претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на партиите за деталите од средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас. 

„Би сакал да се запази редот, да има информирање за деталите. Прво да му ги соопштам на претседателот на државата, на лидерот на опозицијата, на лидерот на најголемата албанска партија, на претседателот на Собранието. Тоа е редот, за да имаме шанса да изградиме национален консензус по вака важно прашање. Веднаш по состанокот ќе дадеме изјава и сето ќе го споделиме со јавноста“- изјави Заев, вчера кога ја најави лидерската. 

Од кабинетот на Иванов вчера соопштија дека тој ја прифатил поканата на премиерот Заев за лидерската средба.

Иванов на средбата очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името, рекоа вчера од кабинетот на претседателот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа во изјава за медиумите потврди дека ќе учествува на средбата и истакна дека ставот по однос на евентуален договор партијата ќе го каже по нејзиното завршување, откако ќе ги има сите информации. Рече дека е сериозен човек и не сака пред време да дава изјава за ова прашање. 

Слично

Поврзани вести