Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИДЕРСКА ВО ПОНЕДЕЛНИК: Ковачевски откри на кои теми ќе разговараат

ЛИДЕРСКА ВО ПОНЕДЕЛНИК: Ковачевски откри на кои теми ќе разговараат

Премиерот Димитар Ковачевски закажа лидерска средба за понеделник.

Тој вечерва изјави дека лидерската средба за договор за изборите ќе се одржи во понеделник на која треба да учествуваат сите парламентарни партии и собранискиот спикер Талат Џафери. 

„На лидерската средба ќе разговараме за евроинтегративниот процес на земјата, за одржувањето на редовните парламентарни и претседателски избори но и за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР“, рече Ковачевски. 

На вечерашната заедничка прес конференција со еврокомесарот за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, премиерот Ковачевски најави дека утре ќе испрати покана до сите парламентарни партии и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, во понеделник да одржат лидерска средба. ВМРО-ДПМНЕ претходно бараше избори. 

Слично

Поврзани вести