Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лидерска средба за името сепак нема да има?

Лидерска средба за името сепак нема да има?

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека лидерска средба за текот на разговорите за прашањето за името најверојатно ќе нема, затоа што вели во Охрид немало некој посебен исчекор.

Редот е, како што кажа не само да се информираме, туку и заемно да се консултираме за стратегиите и чекорите кои ќе ги преземеме  за конечно да очекуваме национално единство и консензус во државата по вака важни прашања.

„Верувам дека веројатно ќе има средби, односно меѓусебно информирање од страна на министерот за надворешни работи и од моја страна и на претседателот на државата и на шефот на опозицијата, заради тоа што тие заклучуваат дека навистина нема нешто толку значајно што би било основ за лидерска средба. Ние тоа го почитуваме. За нас е важно да бидат сите информирани и да ги споделиме идеите  за следните стратешки чекори“- изјави Заев. 

Тој вели дека точно е постојат разлики од самиот почеток, постоеле и 27 години, но исто така е точно и дека има исчекор во преговарачкиот процес. Секако до крај не се решени работите. 

„Но, прво е добро што граѓаните од двете земји се поприлично  упатени, второ што никогаш не постоеле подобри услови за преговарачкиот процес, ниту пак поголема извесност за изнаоѓање на решение на овој горлив проблем“- рече Заев.

Вели дека тој само испраќа порака дека треба да се продолжи посветено со заемана грижа за позициите на другата страна од преговорите.

Според премиерот,  двете држави треба да бидат или подеднакво среќни или поеднакво несреќни од конечното решение.

Слично

Поврзани вести