Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лидерска средба кај Пендаровски на 12 мај

Лидерска средба кај Пендаровски на 12 мај

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното гостување на ТВ24 потврди дека лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи на 12 мај.  

И претседателот Пендаровски минатата недела како гостин на Алсат најави дека лидерската средба би се одржала во периодот меѓу 10 и 12 мај и дека своето учество го потврдиле Мицкоски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, како и лидерите на албанските политички партии и од власта и од опозицијата, по телефонските разговори.

Тема на средбата би била расчистувањето на дилемите со работата на Собранието, техничката влада, важноста на уредбите и вонредната состојба, како и евентуалниот период кога би се одржале парламентарните избори.

Засега, шефот на државата не е сигурен дали треба по трет пат да биде прогласена вонредна состојба во траење од нови 30 дена.


Слично

Поврзани вести