Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лидерот на Македонците во Грција за денешните избори: Мицотакис ќе си легне на брашното

Лидерот на Македонците во Грција за денешните избори: Мицотакис ќе си легне на брашното

Павле Васкопуос, претседателот на организацијата „Виножито“ на Македонците во Грција, додека денеска се одржуваат предвремените параментарни избори кај јужниот сосед вели дека Киријакос Мицотакис, кој е извесно дека ќе биде премиер доколку победи Нова Демократија пред Сириза на Алексис Ципрас, нема да може да го загрози Преспанскиот договор.

Неформалниот лидер на декларираните Македонци во Грција смета дека Грција и со промена на васта ќе мора да ја следи креираната политика во меѓународните односи со Спогодбата од Преспа.

- Одиме кон напред, кон новата ера, грчката политика нема да се враќа назад. Може за внатрешни потреби кон конзервативната грчка јавност Мицотакис да сервира едно, но во праксата ќе биде реален, иако одвреме навреме ќе треба да го задоволи оној дел од грчката јавност. кој е крајнонационаистички кон македонското прашање. Неговиот пристап, секако, е поинаков во европските структури. Уште во првите месеци тоа ќе се покаже на дело, вели Васкопулос за „Сител“.


Слично

Поврзани вести