Лидерот на Египќаните Далип имал закани откако бил поканет на роденден на ВМРО-ДПМНЕ
Демир Далип, граѓански активист и и лидер на неформалната граѓанска иницијатива Коалиција за Египќани вели дека после роденденот на партијата ВМРО ДПМНЕ, каде бил поканет како гостин, бил изложен на притисоци и закани.
„Имено, од непознати броеви примав повици, понекогаш и доцна во ноќта, од непознати лица кои се претставуваа како високи функционери на СДСМ, како најблиски соработници на врвот на СДСМ. Тие, закани уште повеќе се интензивираа откако ја обзнанив идејата за „Египќанец за градоначалник на Охрид. Ми се јави пратеникот Лазе Танески, кој ми потенцираше дека зад тие јавувања не стои никој фунционер на СДСМ, и дека лично тој ке се ангажира да бидам безбеден и јас и моето семејство, и ќе ја гарантира мојата и безбедноста на моите најблиски, вели Далип.
Се жали дека директорката на ЈЗУ,,Здравствен Дом Охрид, д-р Ајсел Зејноска кон него се однесувала игнорантски и покрај то ашто имал проблеми.
„Исто така, разговарав лично и со новиот Претседател на СДСМ-Охрид, Науме Чакар Јованоски, кои исто така истакна дека жали за ваквите состојби и дека целосно се сочуствува со ова состојба и дека како Претседател, но пред се како човек ќе преземе дејства да нема вакви недемократски случувања. Јас, испратив известување до мисијата на ОБСЕ, Амбасадите на Германија, Франција, Италија, ЕУ, и Народниот Правобранител, вели Далип.
