Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИДЕРОТ НА ДУИ СЕ ЗАКАНИ: Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема

ЛИДЕРОТ НА ДУИ СЕ ЗАКАНИ: Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема

Доколку екс министерот за економија Крешник Бектеши се најде на обвинителна клупа за пожарот во „Пулс“ во Кочани,  ДУИ  излегува на  улица, вели за ТВ 24 лидерот на партијата Али Ахмети.

Евентуалното обвинение за Бектеши за кој лидерот на ДУИ вели дека е политички прогон, не само што според Ахмети ќе ги извади интегративците на улица, тие ќе дадат и поддршка на протестите на семејствата на кои им загинаа децата во Кочани, но и како што вели Ахмети нема да се повлечат додека не се обезбеди неселективна правда и предвремени парламентрни избори.

„Ако Али Ахмети излезе на улица, враќање нема. Ќе ги поддржиме и барањата и протестите на семејствата на загинатите деца во Кочани, кои исто така бараат несeлективна прaвда. Тој процес може да заврши само со предвремени парламентарни избори“, рече Ахмети. 

Во пожарот загинаа 62 луѓе, а скоро 200 беа повредени. Семејствата на загинатите протестираа во Кочани, но и во Скопје и бараат правда. 

Истрагата за случајот треба да заврши до 17 јуни. 

Слично

Поврзани вести