Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИДЕРОТ НА БУГАРСКА „ПРЕРОДБА“ БАРА ПРИПОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КОН БУГАРИЈА - нова провокација или нешто повеќе, еве што објави

ЛИДЕРОТ НА БУГАРСКА „ПРЕРОДБА“ БАРА ПРИПОЈУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА КОН БУГАРИЈА - нова провокација или нешто повеќе, еве што објави

Припојување на Македонија и делови од Украина, конкрено Јужна Бесарабија кон Бугарија, бара лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов. 

Костадинов на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави пост со кој отворено ги поддржа ставовивте на Трамп за присвојување на Канада и Гренланд, и ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија.

Еве ја неговата објава:

- Претензиите на Трамп кон Канада се целосно оправдани. Нема ништо пологично и понормално од две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и, во голема мера, ист народ, како што се САД и Канада, да станат една земја. Истото важи и за претензиите на Трамп за Панамскиот канал. Впрочем, САД се првиот сопственик на земјиштето на каналот, тие го градеа и го поседуваа до 1979 година. Затоа „Преродба“ целосно ги поддржува тврдењата на новоизбраниот американски претседател.

Иста е ситуацијата и со Македонија. Нема ништо пологично од тоа две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и народ да станат една земја. Сличен е случајот и со Јужна Бесарабија. Таа е дел од бугарската држава повеќе од 450 години, Бугарите се домородното население на оваа област (од 6 век) и до денес се мнозинство од населението. За споредба, Украина ја поседува Јужна Бесарабија само 34 години.

Затоа нема ништо пологично од обединување на Бугарија и Македонија во една заедничка држава, како и враќање на Јужна Бесарабија назад во Бугарија. Украина се распаѓа и на идниот мировен конгрес кој ќе одлучува за судбината на неуспешната т.н. украинската државност, Бугарија треба да ги потврди своите претензии кон бугарска Бесарабија - напиша Костадинов на Фесјбук.

„Преродба“ на Костадинов, на последните парламентрани избори во Бугарија доби 12,92 отсот од гласовите и 35 пратенички места, со што стана трета политичка сила во 240-члениот бугарски парламент. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести