Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лидерите се собраа - Ќе има ли консензус за преговорите за името?

Лидерите се собраа - Ќе има ли консензус за преговорите за името?

Лидерите од политичкиот врв на Република Македонија се собраа во Клубот на пратеници со цел да направат напори за усогласување на ставовите околу учеството во преговорите за изнаоѓање решение на разликите за името со Грција, како и за разгледување на рамката со предлози кои ја постави медијаторот Метју Нимиц при неговата средба со преговарачите Наумовски и Василакис во Њујорк.

На состанокот учествуваат претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на ВМРО­-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

На координативен состанок на државниот и политичкиот врв на Македонија, Заев и Димитров треба да ги информираат останатите за предлозите за името на медијаторот, Метју Нимиц од последната рунда преговори.

Досега опозицијата се жалеше дека не може да изгради став бидејќи претставници на ВМРО-ДПМНЕ не биле воопшто информирани за тоа како се одвиваат преговорите со Грција. 


Слично

Поврзани вести