ЛиДеМ поднесува Претставка до комисијата за заштита од дискриминација за изјавата на Груевски
Претседателката на Либерално-демократската младина Моника Зајкова е шокирана и разочарана од вчерашната дискриминациска и сексистичка изјава на претходниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
– Со ваквата изјава, Груевски изврши директна дискриминација заснована на пол, но воедно и навреда на студентките во Македонија. По само неколку дена од кампањата која ја водеше Форумот на жени на ЛДП и парламентарното мнозинство, беше ратификувана Конвенцијата на Советот на Европа за борба против родово базирано насилство и семејно насилство–таканаречена Истанбулска конвенција, со која жените отвораат ново поглавје за прашања кои се однесуваат на унапредување на нивниот статус и напуштање на мизогинистичките политики, Груевски повторно не се воздржа од изјава со која жените односно студентките ги поимаше само како сексуален објект
Целиот текст читајте го на Женски магазин, овде.