„ЛИЧНО ЌЕ ГИ ЧЕКАМ БУГАРИТЕ ДА ДОЈДАТ ВО СКОПЈЕ“: Демерџиев потврди дека има список на лица на кои им е забранет влез
Ја решивме
мистеријата дали има бугарска делегација во РСМ - има, коментираше Демерџиев за
неговото присуство во живо во Скопје. Тој лично изјави дека бугарската
делегација ќе ги чека Бугарите во Скопје да се соберат и „заедно да принесеме
цвеќе на гробот на Гоце Делчев“.
Демерџиев се надева дека од македонска страна се создадени такви безбедносни мерки како во Благоевград, за сите што сакаат да имаат пристап до богослужбата. „Има стража, создадени се безбедносни мерки, допрва ќе дознаеме дали сите што сакаат ќе бидат без проблем примени на споменикот на Гоце Делчев.
Има информации за запирање на бугарски државјани на граница, но тие не се толку многу. Има и список на лица на кои им е забранет влез во РСМ, потврди Демерџиев, наведува утринава news.bg.
