Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Личните интереси на партиските и тајкунските елити се спротивни на интересите на македонскиот народ“: Величковски со остра критика

„Личните интереси на партиските и тајкунските елити се спротивни на интересите на македонскиот народ“: Величковски со остра критика

Кога ќе се тргне политичката коректност во Извештајот на ЕК и заклучоците, пораката во основа се сведува на:

Владата/парламентарно мнозинство во Македонија намерно го кочат донесувањето на уставните дополнувања – за да го држат системот заробен од партиите на власт и нивните партнери во парламентарната опозиција;

Личните интереси на партиските и тајкунските елити се спротивни на интересите и на македонскиот народ и на нацијата на Македонија;

Продолжувањето на ваквата политика ја одржува Македонија под кинеско, руско и српско влијание и далеку од Европската унија со сите ризици по националната економија, владеење на правото и одржливоста на државата при растечки геополитички ризици.

Ова го напиша лидерот на „Нова Република“, Ивон Величковски, кој последниве месеци редовно ги критикува одлуките на Владата. 

Во неговата објава тој посочува дека партијата „Нова Репбулика“ го поздравува јасното нотирање на: Ризиците/предизците произлезени од скриена контрола врз сопственичката структура на медиумите преку „посредници“, како основа за ширење антиевропски наративи и влијание врз јавната реч во Македонија. 

Како и на подривањето на европскиот пат преку координирана манипулација во областа на информирањето, вклучително операции за прикриено влијание и малигни наративи и создавањето простор за авторитарни актери поради доцнењето на ЕУ-интеграцијата;

- Растечки силните врски меѓу Македонија и Владата на Србија кои следат нелиберална агенда, во контекст на: 

...растечкото кинеско економско и политичко влијание во регионот;

 руските напори за проектирање влијание врз Македонија  и

 наративите во регионот што го доведуваат во прашање суверенитетот и територијалниот интегритет на земјите во регионот, вклучително т.н. „Српски свет“ - укажува Величковски. 

Според него, има потреба од отворање на архивите на југословенските тајни служби (УДБА и КОС) кои се чуваат и во Македонија и во Србија.

- Нова Република останува на располагање да го поддржи граѓанскиот процес низ иницијативи што ќе овозможат дополнување на Уставот согласно Преговарачката рамка.

Тоа е начинот за забрзани преговори и реформи што нацијата на Македонија и македонскиот народ ќе ги направи рамноправни во можностите и стандардите – низ членство во ЕУ - заклучува Величковски. 



Слично

Поврзани вести