Економија, финансии, бизнис

Контакт

Личниот адвокат на Никола Груевски нема повеќе да биде Претседател на Здружението на адвокати

Личниот адвокат на Никола Груевски нема повеќе да биде Претседател на Здружението на адвокати

Скопскиот адвокат Никола Додевски, своевремено познат како личен адвокат на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ , Никола Груевски, по нешто повеќе од четири години претседателствување со Адвокатската комора на Македонија (АКРМ) си заминува од оваа функција и нема да се кандидира за нов мандат, пишува Правосудство.

Имено, Додевски веќе има и јавно изјавено дека четири години е сосема доволен период за да се реализира одредена програма. Како што е познато изборот на Додевски се случи на 16. февруари 2013 година, а тој важеше за личен адвокат на тогашниот премиер Никола Груевски и на неговата мајка Нада Груевска.

Она што, исто така, е извесно се однесува на договорениот тајминг за избор на нов претседател. Како што дознаваме Собранието на АКРМ изборот ќе го спроведе на 5 и 6 мај, а местото на збиднување е струшкиот хотел „Изгрев“. Македонските адвокати освен претседател ќе ги избираат и членовите на телата на оваа организација.



Слично

Поврзани вести