Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛИЦЕТО ПО КОЕ СЕ ТРАГА ЗАМИНАЛО СО ВОЗИЛО СО СВОЈОТ АДВОКАТ ЗА БЕЛГРАД - утредента отишол во Бугарија

ЛИЦЕТО ПО КОЕ СЕ ТРАГА ЗАМИНАЛО СО ВОЗИЛО СО СВОЈОТ АДВОКАТ ЗА БЕЛГРАД - утредента отишол во Бугарија

Лицето по кое се трага заминало со возило со својот адвокат во Белград, а утрешниот ден отишол во Бугарија, и се преземаат мерки, рече министерот Стасовки во одговор на новинарско прашање.

„Според исказите на другите осомничени, се упатува на тоа дека е тој извршител“, рече Спасовски.

Обвинителот Гаврил Бубевски изјави дека и за нив не е јасно зошто кога мотивот е користољубие, осомничените се решиле да го ликвидираат детето. 

„Тоа е според искази од осомничените, најдобро ќе се знае по материјалните докази и обдукцијата“, рече Бубевски.

Наводно се исплашиле што се кренала цела јавност и решиле да го ликвидираат детето.

За таткото посредни докази укажуваат дека учествувал со кажување кога детето излегува од училиште. 

„“Не можеме да го сомничиме за најтешкото кривично дело, да се задржиме на презумпција на невиност“, рече Бубевски. 

Оружјето се уште не е пронајдено.

Слично

Поврзани вести