Лицето кое во Љубљана го претепа до смрт Стојче од Кочани призна дека „нокаутирал“ човек
Словенечката полиција уапси 20-годишен осомничен кој самиот признал дека нокаутирал човек во центарот на Љубљана, односно го претепал до смрт Стојче Гергиев од Кочани.
Телото на 38-годишниот Георгиев од Кочани беше пронајдено минатиот петок, по што беше потврдено дека станува збор за насилна смрт.
Телото на 38-годишниот Стојче Георгиев од селото Грдовци во Кочани беше пронајдено минатиот петок во центарот на Љубљана. Полициската управа во Љубљана информираше дека мажот починал од насилна смрт. Осомничениот за злосторството е 20-годишен Словенец кој е во притвор.
Според онлајн Дневник, 20-годишниот осомничен е спортист од Љубљана кој тренирал фудбал, а неодамна и бокс. Тој наводно се јавил во полиција сам или заедно со својот татко и рекол дека нокаутирал некого во центарот на главниот град.
20-годишникот во вторникот бил изведен пред истражен судија, кој по испрашувањето нареди да биде приведен.
„Поради интересот на истрагата, која сè уште е во тек, не можеме да ви кажеме повеќе“, соопшти полицијата.
