Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЛИЦЕМЕРНО Е ДА СЕ НАРЕКУВААТ ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ - Андоновски со остра критика за формирањето нови институции

„ЛИЦЕМЕРНО Е ДА СЕ НАРЕКУВААТ ЕВРОПСКИ ФРОНТ“ - Андоновски со остра критика за формирањето нови институции

- Лицемерно е да се  нарекуваат Европски фронт, европска Влада и само Европа им е во дискурс, а во исто време клучната работа која што Европа ја бара од Македонија во делот на реформа во јавна администрација за реорганизација да не се случува - ова го истакна вечерва Стефан Андоновски, заменик министер во Министерството за информатично општество и администрација, во телевизиско гостување. 

Истакна дека, во изминативе 6 години за секој помал проблем или за секој партиски војник е создадена нова институција. 

- Не само што не се скратени тие што постоеле туку се создадени 56 нови институции во последниве 6 години од кои 16 се органи на државната управа - истакна Андоновски.

Тој зборуваше и за потребите за реорганизација на јавната админситрација.

- Она што треба да се направи, а го бара и СИГМА, Евопската комисија и меѓународните организации, е таа оптимизација и реорганизација, намалување за 10 до 15 отсто од институциите. Поврзување меѓусебно за една надлежност да биде исклучиво во надлежност на една институција. Втората многу значајна работа од таа реформа е целосна дигитализација и автоматизација на процесите со цел сите услуги за граѓаните и бизнисите да бидат достапни со еден клик - посочи Андоновски.

Фото: Принскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести