Лицата со попреченост кои одат со придружба да бидат осободени од работа
Владата донесе заклучок сите вработени
лица кои на работа одат со
придружба - потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и
лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење
на работа и извршување на работни активности.
Со ваквата одлука, Владата практично ги задолжи сите државни органи и институции, единиците на локална самоуправа а препорачува на приватниот сектор, лицата со попреченост да се ослободат од одење на работните места.
Ваков заклучок Владата донесе откако беше побарано од страна на Министерството за труд и социјална политика, пред се поради потребата од заштита на лицата со попреченост кои одат со придружба, во услови кога на сила се мерките за превенција од ширењети на коронавирусот. Освен тоа, оттаму наведуваат дека лицата со попреченост се ризична група и дека кај нив постои поголем ризик за развој на потешки симптоми од КОВИД-19.
