Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лицата по кои МВР трага не се избегани во странство

Лицата по кои МВР трага не се избегани во странство

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со истрагата која ја води Јавното обвинителство на Република Македонија посочи дека полицијата делува исклучиво по нивна наредба и дека сите правни квалицикации во пријавите се во нивна надлежност.

Во поглед на потрагата по преостанатите 12 лица од вкупно 36 кои се осомничени, најверојатно не се во бегство надвор од државата, а дали ќе биде распишана потерница исто така ќе зависи од правосудните органи. 

– Издадени се наредби за приведување на 36, а по 12 лица се уште се трага, тие најверојатно се во Република Македонија, истакна Спасовски по потпишувањето Меморандум за разбирање меѓу МВР и мисијата на ОБСЕ околу контролата на лесното оружје и муниција

Спасовски не сакаше да ги каже имињата на 12-мината по кои се трага, ниту дали меѓу нив има пратеници, организатори на настаните од 27 април, напоменувајќи дека тие податоци не се споделуваат во јавноста во моментов.

За оние кои се притвор, а се вработени во МВР, рече дека има законски норми, кои укажуваат како треба да се постапува во вакви случаи.

– Сите оние кои се вработени во МВР, ако им се одреди мерка притвор, по известувањето нивниот работен однос се става во мирување. За оние за кои досега не се води дисциплинска постапка се отвора можност за поведување на таква постапка, појасни Спасовски.



Слично

Поврзани вести