ЛИЦАТА КОИ ЌЕ СТИГНАТ ОД АВГАНИСТАН ЌЕ ДОБИЈАТ СТАТУС НА ВРЕМЕН ПРЕСТОЈ: Засега нема барања за азил, рече Заев
Засега нема барања за политички азил од лицата кои ќе пристигнат од Авганистан, истакна
премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека дел од
нив многу брзо ќе заминат од македонија, а дел ќе добијат статус за привремен
престој од 90 дена.
-Сите лица за кои се подготвуваме да ги пречекаме и за кои сме дале потврда дека сме подготвени да ги примиме, ќе добијат статус на времен престој од 90 дена преку издавање на виза за време на престој од три месеци, иако за некои од нив имаме најавено дека веднаш заминуваат, некои за 10-15 дена или слично. Значи, тоа се лица со времен престој во Република Северна Македонија, рече премиерот Заев.
Истовгремено нагласи дека Владата нема никакви предрасуди, дека веќе се донсени сите неопходни одлуки, и подава рака и учествува во хуманитарна мисија за Авганистан и како што истѕакна трошоците ќе ги покријат соодветни организации, Соединетите Американски Држави, невладините организации, како НЕТ, Фондација Отворено општество, ИРИ, НДИ и други.
