Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лицата чиј идентитет е украден ќе бидат заштитени, вели Спасовски

Лицата чиј идентитет е украден ќе бидат заштитени, вели Спасовски

Лицата чиj идентитeт е злоупотребен во аферата „Двојник“, ќе бидат заштитени, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вечерва во „Само вистина“ на Канал 5. 

„Важно е да се знае, дека нема да има толеранција за ниту еден кој е вмешан во оваа афера. Но, деталната истрага ќе покаже дали некој бил присутен тука, како се користеле македонските пасоши и се што ќе докажеме. Во овие денови се прибавуваат докази. Важно е исто така што институциите реагираа веднаш и помогнаа да се прошири и целосно да се расветли оваа афера“, истакна Спасовски.

Веќе има обвинение против 11 лица за случајот „Двојник“. 

Од нив 10-мина се обвинети за злоупотреба на службена положба и овластување, а еден е обвинет за поттикнување при извршувањето на истото кривично дело. 

Слично

Поврзани вести