Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЛИЦА СО ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ИЗБРАНИТЕ ИЛИ ИМЕНУВАНИ ФУНКЦИОНЕРИ“: Куновска вели ќе имаме многу политички печалбари во земјава

„ЛИЦА СО ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ИЗБРАНИТЕ ИЛИ ИМЕНУВАНИ ФУНКЦИОНЕРИ“: Куновска вели ќе имаме многу политички печалбари во земјава

Софија Куновска, се огласи за последните случувања во кои Артан Груби ја напушти државата.

„Последните случувања се уште една потврда дека лица со двојно државјанство не смеат да бидат дел од избраните или именувани функционери во државата. Во спротивно ќе имаме уште многу примери како најисплативо е да се биде на „политичка печалба“ во Македонија.

Прилично едноставно е некој да ја изнапљачка државата ако знае дека по завршувањето на мандатот може да си побара заштита од друга земја и никогаш потоа да не може да биде исправен пред лицето на правдата во нашата држава.

И не само тоа, туку неверојатно големи се и шансите за можни влијанија во интерес на други земји во спроведувањата на политиките во Македонија од вакви лица кои поседуваат дупли државјанства. Секој паметен би се запрашал чии интереси брани човек со две или повеќе државјанства.

Во сериозните држави и лојалните граѓани со едно државјанство се проверувани со години пред да добијат високи фунции за да се исклучи можноста да одработуваат за некој друг.

За жал, повеќе од три децении самостојност, помалку од пубертетска зрелост на државата“, напиша таа.



Слично

Поврзани вести