Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лица од Пустец добивале плата од „Водовод и канализација“ иако не доаѓале на работа

Лица од Пустец  добивале плата од „Водовод и канализација“ иако не доаѓале на работа

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ велат дека во работен однос биле и лица од Пустец, Албанија, кои не доаѓале на работа, а земале плата.

На овој начин е оштетен буџетот на претпријатието. Меѓу 19 лица на кои им е прекинат работниот однос, бидејќи биле незаконски вработени, се и лица чии квалификаци воопшто не одговарале на работното место.

„Биле вработени лица со образованиe музичар изведувач, аранжер во трговија, хотелско-туристички техничар, прехранбен техничар, медицински лаборант, продавач и сл. што е спротивно на актите на претпријатието, со што бил оштетен и буџетот на истото“- се наведува во соопштението од „Водовод и канализација“.

Како што соопштија од претпријатието, станува збор за лица кои во текот на месец јули 2017 година пред одржувањето на локалните избори, засновале работен однос спротивно на закон, неисполувајќи ги бараните услови од објавените јавни огласи, во поглед на степенот и видот на образование.

Ова соопштение следи откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини денеска дека над 20 вработени добиле предновогодишен отказ.


Слично

Поврзани вести