Економија, финансии, бизнис

Контакт

Лица од Битола, Велес и Штип се приведени за „Јавна соба“

Лица од Битола, Велес и Штип се приведени за „Јавна соба“

Полицијата соопшти дека денеска се приведени вкупно четири лица за случајот „Јавна соба“.

Од приведените  две лица  се од Битола, еден од Велес и еден од Штип, а се работи за директни учесници во групата „Јавна соба“ на платформата Телеграм. 

„Се работи на откривање и на тој кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност“, информираат од МВР.

И премиерот Зоран Заев реагираше за социјалната мрежа Телеграм.


„Доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот „Јавна соба“ каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе ја разгледаме и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Северна Македонија, сѐ додека не почнат да соработуваат со нас, со единствена цел да се затвори проблематичната група и да ни помогнат во откривање на идентитетот на оние кои споделуваат слики и прават кривично дело“, вели тој. 

Само неколку часа по денешните апсења администраторите на „Јавна соба“ најавија дека ќе отворат нова група.

Слично

Поврзани вести