Либерална партија: Мора да се спречи изборен инженеринг во десницата
Либералната партија соопшти дека се среќни што денеска Левица ја прифатиле нивната иницијатива за потпишување на меморандум со кој партиите ќе се обврзат да не коалицираат со владејачката ВМРО-ДПМНЕ ни пред ни по изборите и на тој начин ќе се спречат можни комбинации кои не би им одговарале на гласачите.
„На Левица ова им го предложивме одговарајќи им за нивната иницијатива за граѓански листи на 6 октомври. Добро е што барем дел од опозициските партии сфатија какво е значењето на оваа јавна декларација, а се надевам дека истото ќе го прифатат и социјал-демократите. Уште побитно е што со ваква јавна декларација ќе ги пресретнеме сите обиди за изборен инженеринг во десницата. На овие избори ни треба јасен изборен резултат и пораз на власта, а не избори како повод за широки коалиции и продолжување на кризата“, изјави претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски.
Засега постои шанса ФРОДЕМ заедно со повеќе помали десничарки партии да излезе со коалиција на изборите против ВМРО-ДПМНЕ, а се чека потврда и од Стојанче Ангелов од Достинство, додека пак ВМРО-НП најверојатно ќе коалицира со власта. Инаку на претходните избори се покажа дека добар дел од десничарите во опозиција потоа преминуваат во ВМРО-ДПМНЕ и добиваат високи јавни функции за возврат.
