Либерална партија ја повика македонската влада да ги затвори коцкарниците и обложувалниците
"Либералната партија бара од Владата и Министерството за финансии да го следат примерот на Албанија и да направат промени во Законот за игри на среќа. Поради оваа причина, неопходно е да се прекинат електронските игри на среќа (слот машина), во населените места“, гласи денешното барање што го упати оваа партија до надлежните органи.
Овие феномени не се вклопуваат во интегритетот на државата и на самите луѓе. Поради оваа причина, бараме да ги затвориме сите казина и наплатни места за спортско обложување, кои се во голем број на најпрометните улици во македонските градови и села и во близина на образовните институции. Предлагаме спортските залози да бидат дозволени само на он-лајн платформата, додека на казината може да се пристапи само во хотели со висок ранг или во области неколку километри подалеку од населените места ", се вели во соопштениетона Либералната партија.
