Економија, финансии, бизнис

Контакт

Либерална партија: Да се укине државниот празник на 23 октомври

Либерална партија: Да се укине државниот празник на 23 октомври

Либералната партија се залага за укунивање на Денот на ВМРО како државен празник кој се слави на 23 октомври, а беше воведен од претходната власт на Груевски.

„Денес, доживувајќи ја атмосферата која владее во земјата, предлагаме 23 Октомври за последен пат да има статус на државен празник.

За тоа има многу причини, од кои секоја поединечно може да биде доволна за оваа одлука.

Но, најважна е причината што го тераме народот да празнува празник на политичка партија која нагло ги губи своите приврзаници, а многу од нив остануваат дури и посрамотени од неа“ се вели во соопштението на Либерална партија.


Слично

Поврзани вести