Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА ПОВТОРНО НА УДАР: Клучниот закон за антидискриминација укинат од Уставниот суд

ЛГБТ ЗАЕДНИЦАТА ПОВТОРНО НА УДАР: Клучниот закон за антидискриминација укинат од Уставниот суд

Уставниот суд вчера го укина Законот за антидискриминација, а според ЛГБТ-заедницата во земја вината ја гледаат и во Собранието, но и кај шефот на државата. Овој закон беше клучен за Холандија, за да се даде согласност за почеток на преговорите со Европската Унија.  

Во реакцијата на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, велат дека усвојувањето на овој закон беше резултат на нивната долгогодишна работа, со цел да се овозможи подобар живот за ЛГБТИ-луѓето.

-Вината и одговорноста за оваа одлука е во пратениците, особено владејачкото мнозинство, кое предизборната кампања ја засноваше на градењето едно општество за сите и ни ветуваше унапредување на правата на ЛГБТИ-луѓето. Одговорност имаат и Талат Џафери, претседателот на Собранието, и Стево Пендаровски, претседателот на државата, кои морало да знаат дека законот е донесен спротивно на Уставот, истакнуваат во своето соопштение.

Рекција има и од Министерката за правда Рената Дескоска, која објави статус на Фејсбук во кој потенцира:

-Од денеска за жал немаме Закон за спречување и заштита од дискриминација, бидејќи Уставниот суд го укина. Со оваа одлука не се враќа претходниот закон во живот, а се укина новиот закон од 2019 година. Затоа прва задача на новото Собрание мора да биде носење на овој клучен закон.


Слично

Поврзани вести